Нова фарса на Марјан Ристески, за трет мандат!

sdsmprilep1Реакција на прес од ДПМНЕ – 13.02.2013


Господине Марјан Ристески, локален послушник на режимот од Груевски,
Ти човеку немаш усул! Со каков образ, бараш и очекуваш трет мандат од прилепчани?
Во 2005 прв пат, а потоа и во 2009 г. со скап пропаганден памфлет, кој го нарече програма, сличен на овој кој денес сакаш да им го „продадеш“ на прилепчани, ги излажа и изманипулира граѓаните за втор мандат.
Вети нови фабрики, и илјадници нови работни места во АЛИНЦИ, а наместо тоа создаде рекордна сиромаштија и невработеност од над 40%. Го прошета цел свет со пари од прилепчани, а не донесе ниту една странска инвестиција во Прилеп.
Вети проекти за вработување на младите, а после 8 години над 60% од младите се без работа, и бараат начин да го напуштат Прилеп. Од друга страна, ти Марјане си купи нов џип, финансиски одлично се обезбеди, и си ги вработи и згрижи најблиските.
После 8 години Марјане, со тебе на чело на градот, прилепското стопанство е на колена, дуќанџиите се исцедени од казни и давачки, бизнисите пропаѓаат. Прилеп стана град на судски извршители!
Во 8 години, твоето најголемо достигнување е – потрошени над 130 милиони евра на тендери за паркови, зелени површини, и фонтани, преку неколку „подобни“ фирми! А за начинот, на кој ги градите нештата, вчера се изјасни вашиот раководител на одделение за паркинзи, со изјавата дека камионите ќе треба да се поткачуваат на бекатонот и тротоарите, за да поминат на новиот кружен тек кај поштата! Срамота!
Гледаме сега Марјане, твоето најголемо достигнување ќе било – пирамида во центарот на Прилеп! Наменуваш милионски суми за стаклени пирамиди, а веќе два дена ОУ.Рампо Левката нема нафта за греење! Учениците мрзнат, граѓаните мизеруваат, а ти Марјане мислиш дека Прилеп е во Египет. Ова прилепчани нема да ти го дозволат!
Прилепчани, кои ги сметаш за „мајмуни“, со тоа што не се огради од Дулиќ, трета шанса нема да ти дадат! Никој освен твоите партиски послушници, вечер нема да се појави твојата нова фарса, за трет мандат!
Прилеп веќе се одлучи за Хари Локвенец! Успешен и докажан човек! Човек со конкретни идеи и проекти, за нови работни места, и висок животен стандард! Човек кој ќе го гасифицира градот, и ќе озбезбеди 5,000 нови работни места, со проектот за 500 акумулации. Човек кој од Прилеп ќе направи вистински европски град!

ОО СДСМ ПРИЛЕП