Никола Тодоров ќе сноси одговорност за штетите врз здравјето на прилепчани

sdsmprilep1Прилепската болница не негира дека нема греење во операциските сали!
Прилепската болница не негира дека нема греење во породилните сали!
Не негираат ни дека пациентите лежат во студени болнички соби без топла вода!
Прилепската болница не негира ни дека сметката на болницата е блокирана поради тоа што е потоната во долгови!
Министерот за здравство наместо да го пушта раководството на Прилепската болница да се правда колку реновирале, треба веднаш да излезе и да каже што ќе преземе за катастрофалните услови во Прилепската болница.
Во спротивно, Никола Тодоров ќе носи одговорност за непосакуваните последици врз здравјето на граѓаните на Општина Прилеп.