Никола Багески – Секретар на Општински изборен штаб при СДСМ Прилеп

Почитувани,

Обвинетиот Никола Груевски, не е добредојден во градот херој!

После 10 години криминал, корупција, казнување, рушење и уништување на цели судбини, Никола Груевски, нема што да бара во Прилеп.

Денеска, после сето тоа, Никола Груевски, без срам и образ, доаѓа на средба со прилепските стопанственици?

Дали, Никола, со тебе го носиш извршителот Миле Јанакиевски?

Прилепчани не го забораваат „упадот“ во неговиот роден град.

Не го забораваат ниту „пиштењето и вриштењето“ на прилепските дуќанџии од нарачаните казни и инспекции.

Добро ги паметат и заканите за рушење со хилта на шанкови и угостителски тераси!

Власта на Никола Груевски, бескрупулозно затвораше приватни фирми, угостителски објекти и кафетерии во Прилеп, по список!

Одмазнички делеше казни од по илјадници евра за секоја фирма, што не одработуваше за партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ.

Никола Груевски ја клекна на колена прилепската економија. Ја загрози егзистенцијата на илјадници семејства.

Над 10000 илјади фирми во државата се затворени само во последниве неколку години, поради криминалните политики на власта.

Затоа се потребни промените на 11-ти декември.

СДСМ има план за враќање на парите назад кон граѓаните, за поддршка на домашните фирми и отворање на нови работни места.

План за живот во Македонија.