НИКОЈ НЕМОЖЕ ДА ЗНАЕ ЗА КОГО СТЕ ГЛАСАЛЕ!

sas1104Сашо Велески Претседател на ОО СДСМ Прилеп

Почитувани претставници на медиумите,
Почитувани граѓани на Општина Прилеп,
Еве ја приликата за големите ПРОМЕНИ. Еве ја шансата за НОВ ПОЧЕТОК, за подобро утре.
Во недела на 13-ти Април, Вие граѓаните во своите раце го имате најмоќното демократско орудие за одредување на иднината на Македонија-гласачкото ливче.
Вие граѓаните и никој друг, го имате ексклузивното право да одлучите во каква Македонија ќе живеат нашите деца. Во слободна, праведна, граѓанска Македонија, или пак во киднапирана држава во која владеат заканите и уцените на една фамилија.


Нема сила, нема институција, нема механизам кој може да го узурпира Вашето право на глас. Сами сте зад параванот. Сами одлучувате, исправени пред вашата совест и разум. Никој, ама баш никој, неможе да знае за кого сте го дале својот глас.
Почитувани сограѓани,
Ако досега сонувавме за подобра Македонија, ајде сега сонот да го направиме јаве. Да ги отвориме очите на 13-април, а две недели подоцна да ја славиме победата.
Ве повикувам, во недела, излезете масовно и гласајте одлучно. Гласајте за позитивен пресврт, гласајте за Стево Пендаровски-лицето на ПРОМЕНИТЕ во Македонија.
Ве охрабрувам изберете јасен концепт за среќни и горди граѓани, наспроти сивилото и апатијата.
Бројот 3 е за Македонија. Бројот 3 е за Стево Пендаровски, затоа што Македонија заслужува Претседател.
Ви благодарам.