Неостварениот проект „Градина“ од претходниот мандат, Ристески пак го ветува!

Безидејноста, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја покрие со ноторни лаги, дека ќе се градат бегалски кампови во Прилеп. И тоа каде на друго место, ако не, на локацијата „Градина“, каде што Марјан Ристески уште во претходниот мандат, лажеше дека ќе гради куќи за младите брачни парови по поволни услови.

Од „Градина“ остана празно земјиште. Нема никаква инфраструктура, ни водовод, ниту канализација. Зошто Марјан Ристески го потценува интелектот на своите сограѓани и на младите брачни парови? Или пак верува, дека повторно граѓаните ќе ги гласаат неговите пропаднати проекти и неостварени ветувања.

СДСМ и кандидатот за градоначалник, Илија Јованоски, имаат целосна програма која што ќе го подобри социјалниот статус на младите, која што ќе отвори нови работни места, нови бизниси, која ќе го стопира процесот на иселување.

-Младински бизнис инкубатор,

-Младински технички центар,

-Младински информативен центар,

-Стипендии за талентирани студенти,

-Финансиска помош за ученици од социјално загрозени семејства,

-Старт –ап центри за започнување нов бизнис,

-Грант од 10.000 евра за креативни бизниси,

Се главните поенти на Програмата за живот на младите во Прилеп.

Заокружете го бројот на 19, на локалните избори што ќе се одржат на 15 октомври, за да станат стварност сите овие проекти.