Нема средства за ветените проекти во образованието

press060914Еленче Ташкоска – Член на Совет на Општина Прилеп

Почитувани граѓани,
Со ребаланс на општинскиот буџет во Прилеп, власта на ВМРО-ДПМНЕ ги избриша средствата за изградба на ново основно училиште во населбата Сточен пазар.
ВМРО-ДПМНЕ нема слух за родителите и нивните деца од оваа населба, кои пешачат и патуваат со автобус до училиштата, оддалечени и над два километри во еден правец.


Нема ниту изградба на нова детска градинка во Прилеп. Наспроти тоа, минорно се реновира постоечки капацитет во населбата Бончејца, кој нема да го реши хроничниот проблем со недостиг на места во градинките.
Недозволиво е учениците од училиштето „Кире Гаврилоски-Јане” и оваа година де се греат на дрва. Го нема ветениот систем за парно греење.
Нема пари за реализација на ветените проекти, а има средства за партиски вработувања, без да се води грижа за условите и квалитетот на наставата во училиштата.
Посебен стрес предизвикува задолжителната британска Кембриџ програма којашто мора да се примени во училиштата од оваа година. Реакциите на родителите и наставниците дека истата е преобемна и несоодветна со возраста на учениците, за власта не значат ништо.
За апсурдите да бидат поголеми, во гимназија „Мирче Ацев” отворена е насока – спортска гимназија со конечна квалификација „Фудбалер”!
Ја повикуваме власта на ВМРО-ДПМНЕ веднаш да престане со експериментите врз учениците, да ги прекине трошењата народни пари за луксузирања и да се посвети на суштинските потреби во образованието.
Ви благодарам.