Нема нови индустриски зони и вработувања во Прилеп

Филип Попоски – Портпарол на ОО СДСМ Прилеп

Почитувани,

Поминаа речиси 3 мандати на градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески, но ветената економска преродба на Прилеп се уште ја нема.

Ги нема ветените десетици странски инвеститори и илјадниците нови работни места во економската зона кај Алинци

Ги нема ветените индустриски зони Прилеп 2 и Прилеп 3?

Во 2013 година Марјан Ристески, вети продажба на земјиштето во економската зона Прилеп 2, а изградба на индустриските капацитети до 2017.

После толку години празни ветувања, денес од овие зони нема ништо.

Ниту ново изградени индустриски капацитети, ниту нови работни места.

На виделина излезе уште едно од низата лажни ветувања на Марјан Ристески.

Ги нема ветените нови мостови, го нема ветеното ново училиште во Сточен Пазар, нема нови капацитети и работни погони.

Голготата на избрканите работници од Гентерм, сама по себе кажува за странските инвестиции на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп.

За овие 11 години, Марјан Ристески и ВМРО-ДПМНЕ можеа да ги рехабилитираат како индустриски зони старите објекти на Црн Бор, Современ дом, Билјана, Партизанка, коишто имаа готова патна инфраструктура, струја, вода и канализација.

Повторното отворање на овие објекти ќе чинеше значително помалку од изградба на нови индустриски зони, а Прилеп ќе заличеше на модерен индустриски град каков што беше пред 30 -40 години и ќе ги задржеше младите луѓе да останат и да работат дома.

Тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Само празни лаги, манипулации и криминал. Ништо друго.

Затоа, граѓаните на Прилеп веќе ништо не очекуваат од Марјан Ристески освен негово заминување.

Младите од Прилеп и сите граѓани, заслужуваат и сакаат да изберат промени за подобар живот.

Затоа со слободни медиуми и чист избирачки список на следните фер и деморкатски избори, промените ќе дојдат.