Со ширењето лаги и дезинформации, ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски нема да успеат да избегаат од одговорноста за криминалот што го правеа во изминатите години.

Во Прилеп нема да има кампови и згради за бегалци!

Граѓаните на Прилеп да бидат спокојни. Нема да има ниту двојазичност, ниту федерализација, но ќе има конфискација не целиот криминално стекнат имот!

Македонија тргна напред и Груевски и ВМРО-ДПМНЕ нема да го спречат тоа.

Започнува унапредување на човековите права за сите граѓани, благодарение на реформската Влада предводена од СДСМ. Земјоделците ги добија и понатаму ќе ги добиваат навреме своите субвенции.

Се решава статусот на 3000 стечајци кои конечно ќе добијат решение за својот долгогодишен проблем. Минималната плата ќе се зголеми на 12.000 денари!

Се развива добрососедство и соработка со соседните држави и се унапредува евроинтегративниот процес.

Државните институциите се ослободуваат од канџите на режимот, а на 15 октомври тоа ќе се случи и на локално ниво со општина Прилеп.

ВМРО-ДМНЕ залудно се обидува да создава страв и паника и да ги кочи рефомите. Македонија оди напред.