Почитувани граѓани на Општина Прилеп,

11.Октомври, Денот на народното востание, симболот за херојството на Прилеп, е темелник на вековните определби на граѓаните во Македонија за слобода, за мир, за своја држава.

Точно пред 77 години, на денешен датум, нашите храбри сограѓани, борците од прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“, со визија за слободна и независна Македонија, ја почнаа народно-ослободителната борба.

Денес сите се поклонуваме пред нивната жртва и нивното дело.

После 77 години, денешните генерации, се гордо исправени пред стремежот за демократска, развиена, напредна и просперитетна Македонија, членка на евро-атлантското семејство, рамо до рамо со најмоќните земји во светот.

Нека е честит и вековит 11. Октомври. 

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп