На сите граѓани на Општина Прилеп им го честитам 8-ми Септември, денот на Независноста на Република Македонија.

Ако во 1991 година, Македонија на референдум гласаше за суверенитет и независност, сега на 30-ти Септември 2018година, Македонија ќе гласа за влез во Европска унија и НАТО. Да бидеме рамо до рамо, со најмоќните држави во Европа и светот.

Со влегувањето во Европска унија и НАТО, ќе го исполнеме приоритетот на нашите предци, а тоа е да имаме современа независна и економски слободна Република Македонија.

Нека ни е честит 8-ми Септември, Денот на независноста на нашата татковина.

Ви благодарам.