Натпревар во идеи и мерки, а не малограѓанштина!

Filip PoposkiФилип Попоски – Портпарол на ОО на СДСМ Прилеп.

Почитувани,
И покрај дождот и лошите временски услови, завчера, Домот на Културата „Марко Цепенков” беше претесен да ги собере над 1.000 прилепчани, кои дојдоа лично од претседалот Зоран Заев, да ги слушнат предлог мерките од програмата на СДСМ. Јасно е, позитивната енергија која одекна на трибината, го започна крајот на катастрофата наречена ВМРО-ДПМНЕ!
Серијалот вулгарни прес конференции, кои во Саботата ги организираше власта, се одраз не нејзините немоќ, очај и безидејност, како и на ниското ниво на политичка култура кое безуспешно го наметнува врз јавноста.
Граѓаните на Општина Прилеп сакаат натпревар во идеи, предлози и мерки за решавање на суштинските проблеми, а не малограѓанштина и празна реторика, какви што демонстрира ДПМНЕ со коалиционите партии.

Почитувани,
Земјоделците ќе бидат ослободени од плаќање персонален данок, ќе имаат право на бенефициран стаж, ќе им се врати укинатиот 10 годишен стаж и ќе се намалат цените на репроматеријалите за земјоделското производство. Субвенциите ќе бидат навремени и ќе одат во рацете на сите земјоделци, а не како сега, на два-три дена пред избори и само кај партиските послушници на власта.
Финансирање од буџетот на 320 бизнис идеи годишно со по 10.000 евра неповратни средства по идеја. Отворање на 16 бизнис инкубатори низ Македонија, со што директно ќе се вработуваат над 5.000, пред се млади луѓе, годишно.
Започнување изградба на три нови автопати!
Гасификација на Македонија преку изградба на национална гасоводна мрежа.
Доводен цевковод за вода до Прилеп! Со ова ќе се реши суштинскиот, долгогодишен проблем на градот, за снабдување со вода.
Враќање на 15% ДДВ, што значи просечно од 15 до 30 илјади денари во семејство на годишно ниво, или, вкупно околу 130 милиони евра, назад во рацете на граѓаните.
40% повисока социјална помош! Зголемени пензиии! Докуп на 5 години стаж до пензија! Државна социјална пензија за сите кои не добиваат никаква парична помош од државата!
Намалување на казните за 50%. Опомената прва, а казната последна мерка на инспекторите!
Правичен данок! 80% од граѓаните ќе плаќаат помал данок. 20-те % најбогати ќе плаќаат повеќе данок кон државата од сиромашните.
Ова се само дел од 350–те предлог мерки од програмата на СДСМ, кои гарантираат дека ќе ја оствариме мисијата за враќање на средната класа граѓани и намалување на социјалната раслоеност.
Господо од ДПМНЕ, доколку сакате да Ви ги дообјасниме мерките, и ако имате храброст, прифатете медиумско соочување со СДСМ, па пред целата јавност да ги вкрстиме аргументите и платформите за иднината на Прилеп. Терминот и медиумот, ги оставаме на Вас!
Ви благодарам.