Наставници од Прилеп на партиска средба со Груевски во работно време

Леонардо Ковилоски – Регионален координатор на Комисија за образование

Почитувани,

Власта на Никола Груевски ги одбројува последните денови, но никако да се откаже од злоупотребата на институциите.

Голем дел од наставниците од прилепските училишта, се приморани да учествуваат во партиски активности на ВМРО-ДПМНЕ во работно време.

Се злоупотребуваат и ученици, кои наместо на часови се упатувани на партиски средби.

Тоа беше случај со посетата на Никола Груевски пред само неколку денови во Прилеп.

Професорот по ФЗО, Дејан Јованоски од СОУ „Орде Чопела“ беше на пречек на Никола Груевски, заедно со неколку ученици.

Директорот на ОМУЦ „Ордан Михајлоски-Оцка“, Игор Николоски, заедно со секретарот и неколку наставници, сите беа во пречек на Никола Груевски и отсутни од настава.

Регионалниот претседател на СОНК, Златко Думбалоски, вработен во СОУ „Добре Јованоски“, како и наставникот Благојче Илиески од ФЗО, ООУ „Кире Гаврилоски“, беа исто така во пречек на Груевски.

Сето ова се случува во спрега со директорите на училиштата, во работно време.

Во партиска функција е ставен и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.

Држи партиски говори и се слика во професорската канцеларија во Средното медицинско училиште, за време на изборна кампања, што е забрането со закон.

Ги повикуваме надлежните институции, да ги санкционираат овие злоупотреби.

После 11-ти декември, ставаме крај на злоупотребите на наставниците и учениците.

Образовните институции ќе нудат знаење, а не политичка пропаганда.

Наставниците ќе го штитат интересот на учениците, а не на власта.

Благодарам