Народот дава, народот зема власт!

sug2504Горан Сугарески – Кандидат за пратеник во И.Е.4

Почитувани граѓани на Општина Прилеп,
Власта на ВМРО-ДПМНЕ во очај и во паника само Ве заплашува дека може да знае за кого сте гласале! Никој, буквално никој, ниту самиот Груевски да сака, неможе да знае за кого сте го дале својот глас. Сами сте зад параванот, исправени пред вашата совест!
Режимот е уплашен, затоа што има што да загуби. Затоа што валканите работи, криминалните и коруптивните афери излегоја на површина. Ниту пред закон, ниту пред бога внимаваат. Не бираат средства само да останат на власт! Затоа што знаат дека со идната демократска Власт на СДСМ, ќе одговараат и пред законот и пред народот!
Почитувани сограѓани,
Сега е Вашата можност, сега е вистинската шанса, сега е приликата да ги поставите работите на свое место. Народот дава, народот зема. Само Вие граѓаните и никој друг, можете да го отстраните овој систем на самоволие и неправда.


Тргнете го јаремот со кој последниот транзиоционен политичар, Никола Груевски, 8 години ја држи во заложништво иднината на нашата Македонија! Испратете го онаму каде што му е местото, во темната страна на нашата понова историја!
Во недела на 27-ми Април 2014 година, избирате помеѓу два спротивставени концепти ,
Изберете нови работни места и економски развој, наспроти системот на арач и казни!
Изберете горди и задоволни земјоделци, а не уценети тутунари!
Гласајте за младите да формираат семејства дома во татковината, а не во странство!
Но пред се и над се, гласајте за демократска, развиена и европски рамноправна Македонија, со слободни граѓани, и кажете НЕ за ваква држава со узурпирани институции, со уплашен и потчинет народ.
Ве повикувам, во недела, храбо и одлучно издржете ги притисоците. Трезвено со своја глава, гласајте за ПРОМЕНИ за нов почеток. За иднината на Вашите деца.
Заокружете број 1 на листата за пратеници, дајте шанса на ПРОМЕНИТЕ во Македонија и на новиот СДСМ на чело со Зоран Заев!
Потоа, заокружете број 3 за Стево Пендаровски, затоа што Македонија навистина заслужува Претседател!
Ви благодарам.