Миле Талевски – претседател на ОО СДСМ – Прилеп

Почитувани,

Само триесеттина дена беа доволни за јавноста да се потстети на 11 годишното владеење на Никола Груевски и неговото злосторничко здружување.

Функционирањето на Министерството за внатрешни работи под палката на техничкиот министер Наќе Чулев, во ништо не се разликува од начинот на кој Гордана Јанкуловска раководеше со ВМРО-МВРО.

Фотографиите објавени во медиумите, на кои според нив полициски службеник вработен во прилепската полиција шмрка кокаин, потврдуваат дека секогаш кога кадри на ВМРО-ДПМНЕ раководат со полицијата, граѓаните со право се плашат за својата безбедност.

Бидејќи јавноста мора да ја знае вистината, го повикуваме првиот човек на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, да одговори во какви релеации е со осомниченото лице.

Исто така, граѓаните очекуваат одговор и од поранешниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески, да ја објасни неговата поврзаност со осомничениот.

Нопоставениот началник на ОВР – Прилеп, Трајче Георгиески, кој е директно именуван од Наќе Чулев, има обврска да излезе во јавност и да објасни дали полицаецот кој според медиумите конзумира кокаин, е во неговиот најблизок тим?

Почитувани,

Повеќе од јасно, е дека актуелните кадри на ВМРО-ДПМНЕ во Министерството за внатрешни работи, кои се остатоци од криминалниот режим на Никола Груевски, немаат намера да се грижат за безбедноста на граѓаните, а уште помалку да овозможат услови за фер и демократски избори.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ работат на враќање на режимот, на враќање на ВМРО-МВРО. Граѓаните и СДСМ тоа нема да го дозволат.

На 12 април граѓаните ќе изберат напредок, сигурност, безбедност и продолжување по вистинскиот пат. Режим никогаш повеќе!

 

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп