Над 40% невработеност и сиромаштија во Прилеп – 17.10.2012

 

Почитувани претставници на медиумите
Денес, на 17 Октомври-светскиот ден на борба против сиромаштијата, за жал можеме да констатираме дека со Марјан Ристески и ДПМНЕ, прилепчани живеат во беда и сиромаштија како никогаш досега.
Градоначалниче Ристески, во 8 години го прошетавте скоро цел свет, а не донесовте ниту едно евро странски инвестиции, нема нови фабрики, нема нови работни места. Младите за кои не создадовте никакви услови, масовно бараат спас надвор од Прилеп.
Пред 7 години ги излажавте прилепчани дека во слободната економска зона Алинци ќе донесете 37 нови фабрики со илјадници нови работни места. Градоначалниче, каде се ? Ене ја Алинци празна како нива.
Сега, пред вашето заминување од власт, се фалите со зоната Металец каде продадовте парцели, за кои нема никаква инфраструктура или услови за отпочнување со градба.
Градоначалниче Ристески, во моментот реалната ситуација е далеку над прикажаните 30% невработеност, а според последните истражувања невработеноста во Прилеп достигнува над 40% невработени. Единствената мерка од Вашата стратегија за борба со сиромаштијата е по разни основи да ги бришете луѓето од списокот на невработени во агенцијата за вработување. Навистина трагично!
Господа од ДПМНЕ, при секојдневните посети и средби со нашиот кандидат за градоначалник Хари Локвенец, прилепчани се жалат дека сиромаштијата и немаштијата навлегле во секој дом, дека повеќе не се издржува.
Почитувани сограѓани, сето ова зборува за неспособноста на Марјан Ристески и неговиот тим, а што всушност да очекуваме од неговиот братучед Џекчето, од универзалниот директор Пецо Димоски, од Пеце Ристески-Пеката, и Бошко Талески.
Ви благодарам