mile sdsm prilep nov ginisМиле Талевски, Член на Совет на Општина Прилеп

Почитувани претставници на медиумите,

Парите на прилепчани се трошат недомаќински и расипнички. Впрочем, таквото расипничко однесување додека народот гладува, стана одлика на градоначалникот во заминување Марјан Ристески.
Најдобар пример за тоа е што според буџетот на општина Прилеп за 2012 год, на потрошените 500 илјади ден. за копирање, со последната одлука на Совет се додаваат дополнителни 1 милион и 200 илјади денари. Замислете. Потрошени се речиси 28 илјади евра за фотокопирање.
Според пазарните цени во чаршијата, тоа значи дека секој работен ден фотокопирани се 22.135 страни. Дали е можно секој работен ден да се фотокопирале 22,135 страни?
Ако е ова вистина, тогаш прилепчани бараат одговор од градоначалникот Марјан Ристески:
– Дали ќе пријави нов Гинисов рекорд — дневно копирање на 22,135 страни за 28,000 евра?
– Или ќе се пријави во рубриката „верувале или не”?
Додека не добиеме одговор, прилепчани ќе се прашуваат: дали оваа случка влегува во категоријата „лаги со опашки” или во категоријата „криминал и корупција”?

Ви благодарам