Мојот Претседател сојузник на младите!

DSCN9773Пресконференција, ЛК на СДММ Прилеп

Почитувани,
Македонија и сите кои живеат во неа заслужуваат ПРОМЕНИ и вистински Претседател!
Младите не сакаат Македонија која ќе биде окована во минатото, туку ПРОМЕНИ за прогресивна и развиена Македонија која ќе оди напред.
Таквите ПРОМЕНИ ќе започнат на 13-ти Април со изборот на Стево Пендаровски, мојот Претседател на Македонија.
Затоа што мојот Претседател ќе ја извлече земјата од агонијата и ќе застане против егозудост и иселувањето на младите.
Затоа што мојот Претседател ќе биде силен глас и сојузник на младите, а не безгласна буква и пиун на власта.
Мојот избор е Стево Пендаровски, Вистински Претседател кој ќе ги претставува и обединува граѓаните, а не да ги дели.


Мојот Претседател, ќе ги остварува стратешките цели на Македонија, ќе го подобри меѓународниот углед на земјата, ќе стои рамноправно до другите Претседатели, а не само да им намигнува.
Мојот Претседател, ќе ги остварува стратешките цели на земјата и нема да ги залажува граѓаните дека Казакстан бил поголем од Европа, туку ќе ја внесе земјата во европското семејство.

Македонија, младите и сите граѓани, заслужуваат многу повеќе од Претседател за кого Жак Ширак бил Претседател на Америка.
Стево Пенадровски е човекот предвесник на ваквите ПРОМЕНИ! Мојот Претседател кој ќе биде вистински чувар на Уставот, столб на мирот и стабилноста.
Ги повикуваме сите граѓани на Општина Прилеп да ни се придружат вечерва на градскиот плоштад Методија Андонов-Ченто, со почеток во 19.30 часот на голем граѓански собир Стево Пендаровски, мојот Претседател.
Ви благодарам.