valentinpressВалентин Божиноски – Потпретседател на СДММ

Почитувани,
Додека во регионот и пошироко властите одделуваат рекордни средства и вложуваат максимални напори за справување со младинските проблеми, власта во Р.Македонија останува инертна и незаинтересирана по однос на клучните проблеми со кои се соочуваат младите.
Со стапка од 58% невработеност на младите, Р.Македонија е неславниот рекордер во регионот и во Европа.
Како резултат на погрешните политики на ВМРО-ДПМНЕ, 75% од младите се изјасниле дека не ја гледаат иднината во Македонија, а 250.000 првенствено млади луѓе ја напуштиле државата.

Бруталната реалност продолжува со статистиката дека само 4% од младите директно се вработуваат после завршување на образованието, а партиската книшка на ВМРО-ДПМНЕ стана основен предуслов за вработувањето.
Социјалната и материјалната состојба на младите во Прилеп е повеќе од катастрофална, а од вкупниот број невработени во Општината, младите учествуваат со најголем процент.
Ваквите разочарувачки податоци се директен резултат на манипулациите и празните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ за странски инвестиции, нови работни места и професионални ангажмани.
За некакви инвестиции во индустриските зони Прилеп 1 и Прилеп 2, како и во Слободната економска зона кај Алинци, веќе е илузорно да се зборува. Таму нема буквално ништо!
После 9 години власт на ВМРО-ДПМНЕ, Прилеп го изгуби својот најголем ресурс за развој, а тоа се токму младите.
Почитувани млади од Општина Прилеп,
Во име на Социјалдемократската младина на Македонија, сакам да Ви го честитам 12-ти Август – меѓународниот ден на младите. Истовремено Ве повикувам, придружете ни се! Доста беа изгубени генерации и уништени таленти.
Само со организирана и разбудена младина, ќе имаме освестена власт!
Ви благодарам.