sdsmprilep1Реакција на прес од ДПМНЕ од 16.03.2013

 

Почитувани млади од ДПМНЕ, 

Доколку имате барем малку почит кон себеси, и ако сте слушнале за изреката„светот останува на младите“, а во име на сите млади од Прилеп, треба да му одржите лекција по економија на Марјан Ристески – чие најголемо економско достигнување е што си ја вработи сопругата на економски факултет.
Ќе Ви помогнеме само со неколку економски параметри за Општина Прилеп:
-Прилеп е Општина со најголема стапка на невработеност во Р.Македонија. Стапка која во последните 8 години во континуитет се зголемува, за да во моментот изнесува 41% невработени.
-Прилеп е Општина со најмалку странски и домашни инвестиции во Р.Македонија, сметано по глава на жител.
-Прилеп е Општина со најголем број и процент на иселени млади до 29 годишна возраст, во Р.Македонија. Истовремено е Општина со најголем број невработени млади до 29 годишна возраст. Официјално околу 7.000, а реално многу повеќе. Во проценти околу 60%.
-Само 4% од младите во Општина Прилеп работат на позиици со соодветно образование. Тоа значи, со факултети и магистратури работат како келнери и таксисти.
Затоа, млади од ДПМНЕ, покажете барем малку грижа за иднината на Прилеп и гласајте за Хари Локвенец. – Успешен и докажан човек, кој со реални и остварливи проекти ќе се избори за достонствен живот и стандард за сите. Заокружете го бројот 42. Тоа ќе го направат најголем дел од младите во Прилеп, вклучително и многу ваши сопартијци. ВРЕМЕ Е ЗА ПРОМЕНИ, РАЗВОЈ И ПРОГРЕС.

 

СДСМ Прилеп