Миле Талевски –  Член на Совет на О. Прилеп

Почитувани,

Полицискиот послушник на Никола Груевски, Митко Чавков, продолжува да си поигрува со безбедноста на граѓаните на Прилеп!

По предлог на министерот Чавков, денеска советниците од власта на ВМРО-ДПМНЕ за нов Командир на полициската станица Прилеп избраа лице со завршен факултет за физичко образование!

Чавков грубо го крши законот, предлагајќи кадри кои не ги исполнуваат ниту основните законски услови за избор за Командир на полициска станица!

Зошто Чавков не ги почитува законите?

Аматерското раководење со прилепската полиција, особено вработувањето и унапредувањето на партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ, наспроти маргинализирањето на професионалниот кадар, доведе до значително нарушување на безбедноста наприлепчани.

Сите извештаи покажуваат влошена состојба и зголемен број на кражби.

Во трите мандати на Градоначалникот Марјан Ристески, ова е избор на 5-ти командир на полицијата, а додека сите претходници завршија со оставка на позицијата.

Граѓаните се загрижени и со право стравуваат за својата сигурност и затоа бараат одговорност!

На денешната седница на Совет, СДСМ укажа на сите овие неправилности и гласаше против ваквиот избор на Командир на прилепската полиција.

Поради сите прекршувања на законот, а во интерес на граѓаните, ќе поведеме постапка пред соодветните судски инстанци, со цел поништување на изборот и поставување на професионален Командир на прилепската полициска станица!