sug2204Горан Сугарески – Кандидат за пратеник во И.Е. 4

Почитувани сограѓани,
Ве повикуваме, утре, среда 23.04.2014 во 20 часот, на градскиот плоштад „Методија Андонов Ченто” во Прилеп, масовно да ни се придружите на голем граѓански митинг на СДСМ и коалицијата.
Ве поканувам, да бидете сведоци и лично да ги слушнете мерките од нашата програма, за нов почеток, за подобар и подостоинствен живот на сите граѓани.


Имаме јасен и целосен концепт како да ја вратиме средната класа! Имаме нови, чесни и работливи луѓе, кои имаат капацитет да го предводат новиот почеток.
Драги пријатели,
Прилеп бил и ќе остане симбол за отпор против сите неправди. Градот херој, секогаш бил предвесник на клучните позитивни историски промени за македонците.
Ајде утре, сите заедно, да ја покажеме јасно изразената воља на граѓаните за ПРОМЕНИ.
Да покажеме дека, избираме слободна, граѓанска и праведна Македонија со еднакви можности за сите, а не држава на корумпирани политичари и узурпирани институции.
Ви благодарам.