sdsmprilep1СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТ

Почитувани граѓани,
Министерот Миле Јанакиески во сите “случајности”, “случајно” си ги заборави и роднините.
Јанакиески, затекнат од ‘се што се најде во неговата куќа и скандалите што се проширија, одби да говори за роднинската врска со Бобан Синадиноски директорот на фирмата ПЕЛА ТРАНС. Разбирливо, бидејки оваа фирма неколку години по ред ги добива тендерите за чистење на снегот во Општина Прилеп и што е многу, многу е.
За да се потсети Јанакиески за кој член од неговото семејство станува збор еве самиот нека каже:
Дали семејната куќа на фамилијата Синадиноски порано делела ист двор со куќата на министерот Јанакиески и се наоѓа веднаш до куќата во којашто е седиштето на германската фирма Лудвиг Фајфер?
За да се потсети Јанакиески што “случајно” има со општина Прилеп, го повикуваме министерот да каже:
Дали “случајно” заборави на роднинската врска и блискост со Ицко Чупаркоски, раководител на одделението за урбанизам и заштита на животна средина во Општина Прилеп?
Прилепчани очекуваат одговори.

Со почит,
ОО СДСМ Прилеп