DSCN0061 CopyНад 5000 прилепчани, излегоа на вечерашниот протестен марш во Прилеп, кој заврши со отворен граѓански парламент во населбата Варош, каде се обрати пратеникот од Охрид – Митре Велјановски.

Во огромен број, варошани се приклучија на граѓанскиот парламент. Варошани секогаш знаеле да го препознаат времето за сериозни одлуки и патриотски чекори. Тоа го покажаа и вечерва.
Прилепчани, свесни дека живееме во еден од најтешките периоди за Прилеп и за Македонија, во период кога интересот на внатрешните непријатели и државни предавници е поставен над државниот интерес во еден глас му порачаа на Груевски, „ОДИМЕ ДО КРАЈ!“.
Над 50 денови сме на улица, маршираме гордо и достоинствено, со главата горе. Херојски и храбро како што им доликува на прилепчани. Секогаш први, секогаш на чело на отпорот! Секогаш на страна на правдината и вистината!

 

{gallery}2013/januari/1502{/gallery}