Маршираме за иднината на Прилеп, на чело со Хари Локвенец

Otpor 18 01 2013 14Обраќање на Хари Локвенец на граѓанскиот парламент во Прилеп.

 

 

Добро вечер, Прилеп!

Добро вечер, Прилепчани!

Почитувани сограѓани, вие сте гордоста на целата држава. Очите на цела Македонија се вперени во Прилеп. Срцата на луѓето бијат заедно со нашите.

Почна новата револуција во Македонија. Враќање назад нема. Тгрнавме да ја вратиме демократијата. Да ја вратиме слободата.

Ние сме луѓе без страв. Со гордо крената глава. Праведни, чесни и искрени. Цела Македонија гледа што е Прилеп и кои се Прилепчани. Цела Македонија знае дека Прилеп е херојски град. Дека Прилепчани се непокорливи.

Ние не сме мајмуни, како што не нарече Благородна Дулиќ. Ние не дозволуваме никој да го гази нашето достоинство и нашиот интегритет. Ние сме луѓе со свое ЈАС. Жално е што Марјан Ристески, Димитар Стевананџија и другите чауши на ДПМНЕ од Прилеп не се такви луѓе. Жално е за нив. Трагично е за нас што имаме градочалник и пратеници од ДПМНЕ кои чутат кога Прилеп и прилепчани се навредени.

Ако имаа свое ја ќе се оградеа и извинеа за изјавата на Дулиќ. Ама тие чутат. Бидејќи не се извинија сега мора да си заминат од политика. Нема друго чаре за нив. Само така можат да пробаат барем образот да си го сочуваат. Да останат барем луѓе. Оти како политичари тие пропаднаа. Немаат повеќе кредибилитет.

Затоа мора да има фер, демократски и слободни парламентарни и локални избори. Нека го остават народот слободно да одлучи. Народот дава власт и народот зема власт. Никој не смее да го погази тоа правило. Ако го почитуваат тоа, јас сум сигурен дека народот масовно ќе ни даде поддршка. Оти луѓето сакаат подобар живот. Нова иднина. Развој.

Јас сакам да донесам нова надеж во Прилеп. Да ја гасифицирам општината, по примерот на Струмица и Куманово. Енергијата за стопанството да поефтини за 40 посто.

Сакам да донесам 50 милиони евра домашни и странски инвестиции. Да изградам 500 микроакумулации за подобро наводнување и зголемен принос на земјоделските култури. За секоја акумулација ги знам точните координати, висината на браната, формата на езерото, количината на зафатена вода и површината која ќе се наводнува.

Сакам да создадам услови за 5,000 нови работни места во Прилеп.

Минатава недела бев во работна посета во Германија. Посетивме 5 општини во Саксонија-Анхалт. Видовме 10 фабрики каде германците прават енергија, струја и греење, од сонце, ветар и био-маса. Таму секоја фамилија е снабдена со ефтина струја и греење. Нема зима во Германија.

Сакам така да биди и во Прилеп. Ми велат Германците: ако имате желба, ние сме тука да ви помогниме. Јас им велам: имаме огромна желба и уште поголема потреба. Затоа ги договорив Германците да дојдат тука. Да видиме што можеме заедно да направиме.

А слушам овие пак плукале по мене. Прашуваат оти ме немало? А бе како да ви кажам? Немам време да се занимавам со нивните глупости. Додека тие ја урнисуваат демократијата и ја задолжуваат државата, јас работам да обезбедам подобра иднина и нова надеж за Прилеп и прилепчани.

Бевме и во Берлин, кај градоначалникот и во германскиот парламент. Градоначалникот и пратениците се вџашени од “црниот понеделник„. Велат ова се нема случено никаде во Европа. За ова треба светот да разбере.

Велат, вие се борите за демократија и слобода. Правдата е на ваша страна. Народот е на ваша страна. И ние сме на ваша страна.

Борбата мора да продолжи.

За слобода и демократија.

За подобра иднина.

За нова надеж во Прилеп.

Да сте ми живи и здрави и Господ да не чува од лошо!

 {gallery}2013/januari/hlpp{/gallery}