Почитувани,

Истрошениот градоначалник Марјан Ристески кој буквално го преспа третиот и последен мандат, како и до сега ги ветува проектите кои не ги реализираше изминативе, а ги ветува 12 години.

Притоа, Марјан Ристески, упорно ги потценува граѓаните на Прилеп, мислејќи дека не паметат што ветуваше на претходните избори.

Ќе наброиме само дел од лажните ветувања на Марјан Ристески кои ги вети пред четири години, а кои сега повторно бесрамно ги ветува.

Вети проширување на мостот „Табана“ со изградба на кружен тек до крајот на 2017 година, со пари од општина Прилеп во висина од 30 милиони денари. Еве, на 3 месеци од крајот на 2017 година, од тоа нема ништо. Само обична лага, со која сега повторно сака да ги измами граѓаните на Прилеп.

Најави изградба на кејски sидови и уредување на коритото на градската река, со 25 милиони денари општински пари до крај на 2017 година. Уште една лага од многуте ветувања на Ристески од кои нема остварено ништо.

Прилепчани го видоа криминалното лице на ВМРО-ДПМНЕ. Никогаш повеќе, никој политичар, нема да се богати на грбот на граѓаните, преку лажни ветувања и проекти.

Во Прилеп ќе има живот за сите граѓани!