saso veleski press sdsm prilep marjan nema usulСашо Велески – Координатор на советничка група на СДСМ во Советот на Општина Прилеп

Почитувани,

После 8 години како Градоначалник и потрошени над 100 милиони евра, како може Марјан Ристески да бара трет мандат? Зарем нема усул овој човек?
Вети десетици нови фабрики со илјадници нови работни места во слободната зона „Алинци” до крајот на неговиот втор мандат. Каде се? Зоната е сеуште празна нива. Можеби заедно со премиерот Груевски, на три месеци пред избори ќе ги донесат инвеститорите.
Вети поддршка за изградба на хидроцентралите „Чебрен” и „Галиште”. И од тоа нема ништо. Само неколку пропаднати тендери.
Поддршка за изградба на магистрален пат преку Бабуна до Велес. Уште една голема лага!
Вети, изградба на прочистителна станица со реконструкција на коритото од градска река. Нема ништо од тоа, чекаме почеток 3 години! Каде е ветената нова автобуска станица? На брзина го распродаде само земјиштето и објектот на непозната фирма. Потроши 50 илјади евра на т.н.туристички воз, а прашање е дали истиот вреди 5 илјади?
Ристески вети многу, а исполни малку! Затоа пак денес сме сведоци на неговата валкана кампања со многу лаги и манипулации. Со нетрпение ја чекаме неговата понуда. Што остана уште лажно да вети на прилепчани? Дали уште нешто ќе продаде од граѓаните, уште некој дом на месните заедници?
Од друга страна, ги згрижи своите најблиски, тука е најуспешен. Сопругата асистент на факултет, а првиот братучед веќе 6-7 години директор на Комуналец. Се обезбеди со нов Џип! За друго следи продолжение.
Само неколку фирми, како добропознатата „Електро Точила” често ја имаа привилегијата да вршат набавки за Општината, буквално од „игла до локомотива”.
Јавните претпријатија за прв пат од нивното постоење, работат со загуби! За прв пат Општината ја задолжи со милионски кредити.
Невработеноста во градот ја донесе на рекордни скоро 40 % .
После сето ова Марјан Ристески бара трет мандат. Замислете сака 12 години да биде на власт во Прилеп. Малку му беше се досега, сака уште, или го натераа.
Марјан Ристески нема усул, ама прилепчани имаат разум.
На следните локални избори тие излажани и изневерени ќе му испорачаат голема народна казна.
Прилеп и прилепчани заслужуваат подобро. Затоа на следните избори ќе гласаат за Хари Локвенец. Тој е успешен, докажан и чесен човек. Тој ќе донесе развој, повисок животен стандард и нови работни места во Прилеп.
Хари Локвенец е решението за Прилеп.