Марјан Ристески нема храброст да се соочи со прилепчани!

sdsmprilep1Реакција на прес од градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески

Почитувани,
Свесен за промашените политики и лажните ветувања на ДПМНЕ, кои во изминативе 8 год. од Прилеп направија град рекордер по невработеност и сиромаштија, градоначалникот Марјан Ристески, немаше храброст, а ниту образ, да се соочи со прилепчани и да одговори што сработил, па тоа го направи скривајќи се зад партиската говорница во Скопје.
Со какво лице, зборува за економски подобар Прилеп и за индустриски зони, кога истите се празни без основна инструктура, без ниту една странска, ниту пак, домашна инвестиција.Лагите за нови фабрики, погони и економски капацитети кои безсрамно ги ветуваше во Прилеп, излегоа на површина, исто како лагата за 8 милијарди евра странски инвестиции, на неговиот ментор Груевски.
Испушти да одговори, каде се вработија над 17 илјади граѓани на Општина Прилеп, кои мистериозно исчезнаа од официјалните списоци на невработени во агенцијата за вработување?
Зборува за изградба на пречистителна станица, а не кажува дека е направена тешка злоупотреба со тендерската документација, заради што европската комсисија ја прекина евалуацијата во оваа фаза, и го доведе во прашање понатамошното финансирање од нивна страна, на овој проект!
Не пропушти да го пофали дувлото за партиски вработувања „Комуналец“, но, заборави да ги спомне незаконските постапки на неговиот прв братучед Златко Ристески-Џекчето, заради кои претпријатието должи над 50 милиони ден по тужби од вработените, 30 милони ден. за ДДВ кон државата, и уште 30 мил.ден. долг кон разни добавувачи.
За квалитетот во изведбата на урбанистичките работи, и за начинот на кој Марјан Ристески ги потрошил средствата, кои за изградба на водоводен систем, своевремено ги обезбеди СДСМ, зборува фактот што низ целиот град пукаат цевките од водоводната мрежа и сеуште не е решен проблемот со квалитетно водоснабдување на Прилеп.
Прилепчани после се, стануваат свесни за манипулациите на Ристески и власта, знаат дека од паркови и зеленило не се живее! Затоа во Прилеп, расте поддршката кон мерките и новиот програмски концпет на СДСМ, за враќање на средната класа.

Центар за Комуникации со Јавност
ОО СДСМ Прилеп