Марјан Ристески нема да го сокрие криминалот со пресови за технички грешки во изјави

Почитувани граѓани,

Очајноста на Марјан Ристески и нервозата заради сознанието дека во недела ќе доживее тежок изборен пораз, станува сѐ повидлива.

Кога актуелниот градоначалник на Градот Херој – Прилеп, на еден од најзначајните датуми од македонската историја, 11.Октомври, ќе се занимава со таква банална работа каква што е искажан лапсус настанат заради техничка грешка, тоа зборува за безидејноста на потрошениот и безидеен кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

Со својата изјава, Марјан Ристески го сквернави Денот на македонската револуционерна борба и покажува непочитување на жртвите кои градот ги дал за време на НОБ. А што друго и може да се очекува од некој кој потрошил 3 градоначалнички мандати и 12 години од животите на граѓаните на Општина Прилеп без да реализира макар еден единствен капитален проект?

Марјан Ристески е синоним за криминал и деструкција, градоначалник кому државните ревизори му утврдија криминал тежок 1,5 милиони евра и кому обвинителите од СЈО му дишат во врат. Прилепчани слушнаа за намерите на Марјан Ристески кој со хилти сакаше да руши угостителски објекти, за потсмевањето со маката на дуќанџиите на кои тој и неговите пајташи им испраќаа инспектори како казнена експедиција.

Затоа, на Ристески не му остана ништо друго, освен да ги плаши граѓаните со лаги за бегалски кампови и технички грешки во изјави на противниците, мислејќи дека со тоа ќе го затскрие криминалот со општинските пари.

Марјан е свесен дека неговото заврши! Во недела граѓаните ќе му покажат црвен картон и ќе го испратат онаму каде му е местото – на ѓубриштето на историјата!

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, сите негови членови и поддржувачи се гордеат и го почитуваат денешниот празник, како еден од најсветлите датуми во историјата на Република Македонија. Впрочем, вечерашниот митинг на СДСМ и коалиционите партнери кој во Прилеп не случајно се одржува токму на 11.Октомври, е најдобра потврда за нашата бескрајна благодарност кон сите оние борци кои со своето учество во антифашистичката Револуција и НОБ, го дале својот придонес за она што денес го имаме – слободна и независна Република Македонија.

Нека ни е честит 11.Октомври, Денот на македонското народно востание!

Центар за комуникации со јавност