Почитувани претставници на медиумите
Марјан Ристески и ДПМНЕ продолжуваат да го делат народот на патриоти и предавници притоа глумејќи лажен патриотизам, а од чествувањата на националните празници прават свои приватни партиски манифестации.
Имено, на прославата на денот на Македонската Револуционерна Борба, 23ти Oктомври, Локалната самоуправа нарочно испушти да покани претставници на СДСМ како и од останатите опозициски партии. Според тоа, господо од ДПМНЕ, навистина бедно и мизерно изгледаат вашите обиди да не оцрните дека не сме ги почитувале прилепските херои.
Почитувани сограѓани,
За каков патриотизам зборува ДПМНЕ, кога во моментот тоа е партија на бивши припадници на други партии, кои заради профит и лично богатење имаат сменето и по неколку членски книшки.
За каков патриотизам зборува ДПМНЕ, кога нивните пратеници, меѓу кои Стевананџија и Лашкоска гласаа за амнестија на хашките случаи и ги ослободија убиците на прилепските бранители.
За каков патриотизам зборува ДПМНЕ, кога му гради споменик на крвникот на македонскиот народ – Тодор Александров, а младите на ДПМНЕ пеат песни во негова чест на нивните собранија.
За каков патриотизам зборува ДПМНЕ, кога среде Скопје поставија скулптура на Симеон Радев, сатрапот, еден од потписниците на Букурешкиот договор со кој се распарчи Македонија.
Господа квазипатриоти, прилепчани знаат дека под превезот на вашиот лажен патриотизам всушност ги криете матните тендери и огромниот криминал.
Господине Марјан Ристески, дали гордо ја носите златната шајкача која неодамна ви беше доделена за достигнувања во србоманството, од страна на вистинските ВМРО-вци.
За крај, ја користиме оваа прилика, на сите припадници од Муслиманската вероисповест да им го честитаме празникот Курбан Бајрам.
Ви благодарам