Александар Џагадуроски – Претседател на СДММ – Прилеп

majranturist 05Почитувани,
Изминативе денови, младите прилепчани со право го поставуваат прашањето дали Марјан Ристески е градоначалник на Прилеп или менаџер на туристичка агенција? Еве зошто:
Додека Прилеп секојдневно тонe во безработица и турка рекорди во сиромаштија, градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески, сади палми!
Затоа што, поради неспособноста на локалната власт да обезбеди нови работни места, младите купуваат билети во еден правец за дестинации што подалеку од Македонија.


Додека младите масовно заминуваат по работа во Дубаи, градоначалникот им засади палми, кои се типични баш за таму!
Почитувани сограѓани,
Палмите кои изминативе денови беа засадени на повеќе локации во Прилеп и ширум Македонија даваат посебно значење на зборовите на еден од министрите на Груевски: „трошиме на чоколада, а немаме за леб“.
Замислете, власта на Никола Груевски во заминување троши половина милион евра за палми, а пари за студентските домови НЕМА! Во исто време, болницата и железницата во Прилеп се распаѓаат, улиците низ градот се целосно раскопани и опасни за граѓаните кои се движат по нив.
По падот на режимот, на фер и демократски избори, СДСМ целосно ќе го промени начинот на владеење. Наместо во палми и жални врби, ќе се инвестира во младите, ќе се издовјуваат средства за младинските идеи. Со спроведувањето на мерките од програмата на СДСМ младите повторно ќе ја гледаат и градат својата иднина во својата татковина.
Благодарам