Дамјан Манчевски – Потпретседател на СДСМ

Почитувани,

Доаѓа времето на промени, доаѓа времето на сериозна борба против криминал и корупција. Дојде времето кога кражбата ќе запре, а парите ќе се вратат. Ќе се вратат 630 милиони евра потрошени за Скопје 2014, стотиците милиони евра кои се одлеале во Белизе, ќе се запре изградбата на новата барокна фасада на народната банка на Македонија. Сите овие пари се пари кои можеа да се искористат за подобрување на условите за живот на граѓаните на Прилеп. Со овие пари прилепчани можеа да живеат многу подобро и да се направат многу повеќе капитални инвестиции. Веднаш по смената на власта, СДСМ им ветува на граѓаните на Прилеп автопатско поврзување помеѓу Велес, Прилеп, Битола и Меџитлија, изградна на конечно агро –берза, изградба на хидро системски акомулации, особено на хидро акумулацијата „Црна река“, изградба на целосна гасификација на Прилеп и систем за централно греење, како и нови градинки кои што им фалат на Прилеп. Ова се само дел од мерките кои што ги ветуваме на граѓаните од Прилеп, кои што ќе овозможат подобар живот, повеќе работни места и повисоки плати за сите прилепчани.