Локвенец со проекти, наспроти валканата кампања на ДПМНЕ

sdsmlsРеакција на прес на ДПМНЕ од 13.12.2012

Почитувани од ДПМНЕ,

Во недостиг на проекти и идеи, а со цел да ги покриете лажните и неисполнети ветувања на Марјан Ристески,како и проблемите и паниката во вашите редови, продолжувте со празни и безидејни пресконференции да го злоупотребувате вниманието на јавноста.
Доста ги оптеретувате прилепчани со вашите нарачани анкети, кои немаат допирна точка со реалноста, овој пат ниту тие нема да ве спасат од поразот на следните избори.
Вашата лажна душегрижност и лицемерие, за составот на идните советнички групи, насочете ги кон вашите советнички листи, за кои сме сигурни дека ќе ги составите исклучиво по роднинско-пријателски врски. Впрочем како и секогаш обичните членови на ДПМНЕ, се оставени на маргините и за листи за вработување.
Наспроти вашата валкана и ниска кампања, да плукате и омалуважувате, СДСМ и Хари Локвенец, излегуваат со конкретни понуди како проектот ЧИСТА ПЕТКА за 500 акумулации и 5 илјади нови работни места.
За Ваша информација акумулациите меѓудругото спречуваат од поплави, а не поплавуваат, тоа што во два мандати не направивте ниту една, значи дека немате ниту знаење ниту капацитет за некаков посериозен проект. Доколку сакате да споредуваме идеи и кадар, кажете го вашиот кандидат за градоначалник и прифатете ТВ Дуел со Хари Локвенец.

СО ПОЧИТ:
СДСМ ПРИЛЕП