Hari PressПресконференција на кандидатот за градоначалник од Сојузот за иднината за Општина Прилеп,  – Хари Локвенец

 

Почитувани,

На една недела пред одржувањето на локалните избори, исходот е сосема извесен:
На 24 март граѓаните на нашата Општина ќе гласаат за кандидатите на коалицијата „Сојуз за иднината”. После очајниот митинг, кој ДПМНЕ го одржа во Прилеп, тоа им е јасно дури и на нивните најтврдокорни поддржувачи.

Во сите демократски земји промената на власта е нормална работа, особено кога за тоа постои јасно изразена волја кај гласачите. Народот дава, но народот и зема власт. Од 1991 година до денес, цели 18 години власта во Прилеп е во рацете на ВМРО-ДПМНЕ. Од нив пак, дури 8 години прилепчани за градоначалник го имаа Марјан Ристески.

Што остава зад себе градоначалникот во заминување¬?
Остава економски пустош, армија невработени и сиромашни граѓани. Казната која нему и на неговата партија на 24 март ќе му ја испорачаат нашите сограѓани, ќе биде јасна и недвосмислена:
ДОСТА Е!
ВРЕМЕ Е ЗА ПРОМЕНИ!
Во Скопје се веќе поднесени 210 претставки за прекршување на изборниот законик и за предвремено почнување на капања. Следиме, мониторираме, знаеме се што правите. Се е забележано. Има многу коруптивни дејствија и повреди на изборниот процес. Тоа се тешки кривични дела кои повлекуваат ригорозни казни. Секој од нас одговара за своите постапки.
Од тие причини, денес, одовде, упатуваме апел до градоначалникот во заминување Марјан Ристески и до сите негови соработници, раководители во локалната самоуправа и во јавните претпријатија, чесно и достоинствено да ги одработат последните денови од нивното владеење.
Се надеваме дека своите професионални обврски ќе ги извршуваат согласно Уставот и законите на Република Македонија и дека ќе покажат почит, фер и коректен однос кон вработените во јавната и државната администрација.
Марјан Ристески и ДПМНЕ не треба да заборават дека после 24-ти, доаѓа 25-ти март, денот кога прилепчани ќе почнат да испишуваат нова страница во историјата на својот град.

Почитувани сограѓани,
ВРЕМЕ Е! ПОБЕДУВАМЕ!