Hari pres SM 1Почитувани,
Прилеп, најспортскиот град во Р. Македонија, после 18 години власт на ДПМНЕ, од кои 8 години Марјан Ристески, остана без вистински репрезентативен затворен спортски простор. Спортските здруженија и школи мака мачат за простор и термини за одржување на тренинзи.

Најголемиот спортски објект во градот, некогашната спортска убавица и гордост на Прилеп- салата „Македонија“, е надвор од употреба. Нема употребна дозвола, забот на времето неповратно ја нагризува. Жално и гревота. 
Од тука, приоритетите во нашата програма ќе бидат:
Преземање на надлежностите на сите спортски објекти и нивно ставање во функција на спортот и потребите на спортските здруженија во градот.
Сите спортски клубови од Општината, ќе добиваат рамномерно распределени средства од буџетот на Општина Прилеп.
„Спортската сала Македонија“ ќе ја претвориме во современ мултинаменски спортски и комерцијален центар, на површина од 14, 500 метри квадратни, во чиј состав ќе има и затворен олимпсики базен.
Ова ќе биде еден од најрепрезентативните спортски комплекси во Македонија, наменет за голем број спортски активности.
Во рамките на овој грандиозен спортски објектот ќе има: голема спортска сала, сала за мали спортови, куглана, сауна, билијард маси, пинг понг маси, мини стрелана и сл.
Централниот терен ќе има можност за брза пренамена во затворено тениско игралиште.
Центарот ќе нуди низа културни содржини, како и угостителски понуди. Во комплексот ќе има трговски центар, ресторани, и кино сала.
Се планира, исто така, и изградба на голем паркинг простор, според сите урбанистичките стандарди за вакви објекти.

Почитувани сограѓани, наша цел е здрава младина, која ќе дава прволигаши во сите спортови и репрезентации. Прилеп градот на спортот, ќе го вратиме на некогашниот спортски пиедестал. 

Ви благодарам

Сала Македонија моментално:

{gallery}2013/mart/Sala_Makedonija/Sega{/gallery}

Новиот лик на Сала Македонија – најголем мултинаменски центар во РМ:

{gallery}2013/mart/Sala_Makedonija/SMMKC{/gallery}