Почитувани Граѓани, почитувани другари, почитувани пријатели.
Се собравне денес да прославиме еден свечен миг, еден свечен ден кој ни лежи на сите на срцето 11ти Октомври. 11ти Октомври симболот на ревулуционерниот дух и непокорот на овој град. Не карактеризираат како прилепчани и како инаетчии и како тутунари и можеби некои други квалификации. Верувајте единствено нешто што неможат да ни земат тоа е нашата револуционерност и тоа е нашата борба, желба за борба, сплотеност и реализација на големите идеи кои во минатото се викале револуција, во минатото се викале ослободување, во минатото се викале креирање на држава. Во овој момент, во 21-от век хероизмот исто така и патриотизмот се дела кои треба да ги покажеме, ако нашите предци чие дело никако не смееме да го заборавиме, всушност се бореле за слобода, ние денес нашиот патриотизам треба и мора да го покажеме како дело за зголемување на економскиот развој на Прилеп и на државата за подобрување на животот на граѓаните. Денес почитувани патриотизмот во 21-от век се вика отворање на нови работни места, ете тоа е она кое ние ќе го правиме следиот период и тој е начинот преку кој ќе им се заблагодариме за сето она што го направија во изминатиот период нашите предци. Посебно ми е драго што премина во традиција и продолжуваме од година за година да го славиме овој величенствен ден во манастирот Св. Димитрија. Убеден сум дека со Божја милост и помош на патронот на овој манастир сите идеи во иднина ќе бидат остварени.
Не ми забележувајте ако денес се потсетам три месеци наназад и ви кажам дека чувството кое го имав на 30-ти Јуни за време на промотивниот митинг во Прилеп, од срце ви се заблагодарувам на сите вас за тогашните случувања, ама од срце ви се заблагодарувам и денес.
И сакам уште една работа да напомнам, ако некој најголемиот и најлошиот и најзлобниот наш противник имаше некаква идеа за успехот и дилема дали ќе победиме на следните локални избори, со ова денес покажуваме дека такви дилеми не постојат, со ова денес покажуваме дека сакаме, можеме и знаеме како да управуваме со Прилеп. Прилеп заслужува вакво водство.
Нека ни е честит и за многу години 11-ти Октомври денот на град Прилеп, денот на Република Македонија.
Ви се заблагодарувам.