Локвенец: Гасифициран Прилеп за инвестиции и нови работни места

Hari pres gasifikacijaПрес на кандидатот за градоначалник за Прилеп – Хари Локвенец

Почитувани, 

Гасификацијата ќе биде најголемиот инфраструктурен проект, што на Прилеп ќе му се случи после 24-ти март. Сонот за гасификација на нашата Општина, по примерот на Струмица и Куманово, наскоро ќе стане реалност за прилепчани.
Нашите анализи покажаа дека стопанството во Прилеп во најголем дел е извозно ориентирано. Истото, во производството користи премногу скапи енергенси, како нафта, мазут и премногу скапата индустриска струја, која по најавите на владата, во иднина и ќе поскапува.
Од тука, повеќе од СЕ сум убеден во потребата за ефтин енергенс, кој ќе ги намали трошоците за производство од 30-40%,. Ќе ја зголеми конкурентноста на нашите компании и ќе создаде услови за нови инвестиции и пред се, за нови работни места. Годишно Општината ќе заштедува до 500 илјади евра по сезона, за греење на јавните установи,градинките и училиштата, а домаќинствата просечно ќе заштедат по 200евра на годишно ниво.
Почитувани сограѓани, во склоп на нашата програма имаме изработено и *Предфизибилити студија* со прецизен и детален план и со временска рамка за изградба на гасоводниот систем. Според тоа:
-Ќе се формира ново Јавно Претпријатие за потребите на гасификацијата, со сите потребни дозволи и лиценци.
-Гасификацијата ќе биде по системот на така наречен „виртуелен гасовод“. Односно, гасот ќе биде компресиран во специјални модули и транспортиран во Прилеп, а потоа се декомпресира во специјални постројки за тоа.
– Изградбата на инфраструктурата, и дистрибутивната гасоводна мрежа ќе се гради етапно, почнувачјќи од јавните установи, индустриските зони, постоечките индустриско-стопанските капацитети, и домаќинствата како крајни корисници.
Гасификацијата ќе понуди можност за преориентирање во земјоделието од ниско доходовните култури, во високо доходовно рано градинарско производство под пластеници.
– Приклучувањето на Прилеп на националниот гасовод, најоптимистички се очекува после 6-7 години, опремата која ќе се користи дотогаш ќе биде целосно компатибилна со националниот гасовод и веднаш ќе биде ставена во употреба на истиот.
Почитувани, гасифициран Прилеп ќе стани примамлива дестинација за странските и домашни инвеститори, кои досега целосно ја избегнуваа Општината.
Време е за развој. Време е за просперитет на Прилеп.
Ви благодарам