Hari Pres 14 03Прес конференција на кандидатот за градоначалник Хари Локвенец, Четврток 14.03.2013

 

 

Почитувани,
Од директните и непосредни средби со граѓаните, во изминативе 9 месеци, ги дефиниравме проблемите со кои се соочуваат прилепчани, од кои сиромаштијата и невработеноста, се основниот, најголемиот проблем на граѓаните во Прилеп. Борбата со овие два клучни проблеми, како и социјалната заштита се приоритетите во мојата програма.
Предвидуваме серија мерки и проекти за справување сиромаштијата, како и директна помош на сојалните категории:
– Изградба на станови од страна на Општината, за социјалните категории граѓани, младите брачни парови и пензионерите, како и фонд за помош на овие групи граѓани и за невработените.
– Предвидуваме, по 100 евра донација за секоја родилка во Општината, со цел позитивно да го стимулираме наталитетот во Општината, како и по 100 евра донација од општинскиот буџет за секој новоскучен брак.
– Ќе воведеме по 3,000 денари помош за школски прибор на учениците од социјално загрозени семејства, а ќе отвориме прифатни центри за бездомници.
– Заради оддалеченоста, ќе се изгради здравствен дом во Точила, како и дисперзирана амбуланта/брза помош во Тризла 2.
-Неодложно, со целиот капацитет ќе се погрижиме за целосна вклученост на лицата со посебни потреби во општеството. Ќе направиме се за да им го олесниме животот и за надминување на многуте проблеми со кои се сочуваат.
На крај сакам, јасно и децидно да кажам дека- ќе воведеме бесплатна екскурзија за сите ученици од Општина Прилеп. Не само за учениците од социјално загрозените семејства, туку повторувам, за сите ученици.
Благодарам

 

Бети Тодеска: 

Почитувани,

Лицата со хендикеп, никогаш не биле прашани, ниту исконтактирани и земени во обзир дека може самите да си се застапуваат. Секогаш некој друг, кој не потекнува од таква категорија граѓани, во нивно име зборувал во институциите за нивните проблеми. Се покажа дека тоа ни од далеку не е доволно, напротив е омаловажувачки. 

Доста беше омалуважување и потценување, со моето поставување на високо место на листата за советници на „Сојузот за инината“, коалицијата докажа дека не им битна власта, колку што е битно, за прав пат некој искрено, кој е засегнат  и запознат,кој  живее со хендикеп, да ги брани и застапува интересите на сите хендикепирани лица  во Советот на нашата Општина. Ќе ми претставува огромна чест, но и задача да се борам за надминување на нашите проблеми.

Досегашната власт ги третира хендикепираните лица, како лица од трет ред. Исплатата на помошта за нега од трето лице доцни и тешко се исплаќа. Од друга страна, изнајдуваат милиони причини за укинување на ваквата помош. Има огромни злоупотреби при вработувањата, не се почитува законот, се издаваат полномошна на работодавецот да ги подигни парите за плата што треба да ги земи лицето со посебни потреби.

Драго ми е што покрај директните, пишани мерки , програмата на Хари Локевенец е отворена и нуди можност за проширување. Во контекст на тоа, ќе биде отворена служба во Општината, која исклучиво ќе се занимава со потребите на хендикепираните лица. Општински сектор, канцеларија која ќе ги прима барањата, ќе ги прифаќа и во рамките на Советот директно ќе изнајдува решенија и мерки за таквите потреби. Ова ќе биде директниот контакт на хендикепираните граѓани со институцијата градоначалник .

Ќе биде надминат проблемот на соодветен пристап на лицата со посебни потреби до институциите, а посебно до школите и градинките. Ќе биде обезбедена датотека на податоци за бројот на хендикепираните, како и нивно вклучување во образованието.

  

Ви благодарам