Hari Press 11martПрес конференција, Хари Локвенец – кандидат за градоначалник на општина Прилеп

Почитувани претставници на медиумите,
На самиот почеток, би сакал да им се заблагодарам на илјадниците жители на Општина Прилеп кои со своето присуство на промоцијата на мојата изборна програма, го дадоа својот придонес во севкупната величествена атмосфера во Универзалната сала во нашиот град.
Ако до завчера некој сѐ уште се сомневаше во исходот на претстојните локални избори, веќе денес со сигурност можам да кажам: после 24 март 2013 година, нашиот „Сојуз за иднината“ ќе ги даде новиот градоначалник и мнозинството од 27 члениот состав на Советот на Општина Прилеп! ПОБЕДУВАМЕ!!!
Драги мои сограѓани, Ви ветувам, целосно исполнување во предвидените рокови на сите проекти, со кои Прилеп ќе стане достоинствено место за живеење на сите.
Мораме да ја намалиме невработеноста во Општината, која достигна над 40 %. Всушност, во целата наша програма, како црвена нишка се мерките и проектите за нови работни места. Имаме решенија за невработените педагози, доктори, правници, економисти, инжињери и др.
Ветувам најмалку 5.000 нови работни места! Проектите како целосна гасификација на Прилеп и 500 микроакумулации, го гарантираат тоа.
Со проектите за индустриски зони со целосна инфраструктура во „Старо Лагово“ и „Бегова ливада“, за кои веќе имаме изготвено детални урбанистички планови, ќе го засилиме локалниот економски развој.
Имаме проект за општински центар за изучување на занаети, а ќе дадеме и даночни олеснувања за занаетчиите.
Ќе основаме Business Start Up Center, ќе ги помагаме малите семејни бизниси и ќе основаме фонд за изготвување европски проекти, со што ќе овозможиме уште вработувања. За сите овие проекти имаме конкретни датуми за реализација.
Ќе создадеме услови за вработувања во реалниот сектор. Ќе ги поттикнеме домашните инвестиции, а ќе привлечеме и странски. Го имаме Мариово, како најголем ресурсен центар. До максимум ќе ги искористиме домашните ресурси. Мораме и Ви ветувам дека ќе го подигнеме стандардот на живот во Прилеп.
Заради сето ова, Ве повикувам да го заокружите бројот 42. Време е за развој, прогрес и нова, вистинска европска иднина на нашата Општина.
За крај, ја користам приликата, и го повикувам на јавно медумско соочување досегашниот градоначалник на Општина Прилеп. Со аргументи, факти и проекти да ги споредиме нашите визии за иднината на Прилеп. Ајде соберете храброст, и на овој начин да им го олесниме изборот на прилепчани.
Ви благодарам