Локвенец: 11 Октомври е симбол за непокорот на Прилеп

 

 

Почитувани граѓани,
11-ти Октомври е симбол за револуционерниот дух и непокор на Прилеп и прилепчани. Датум кој е тесно поврзан со градот Херој, датум кога во Прилеп почна борбата за слобода и државност.
Денеска им оддаваме почит на борците во народноослободителното и антифашистичко востание. Денес го славиме нивното несебично и херојско жртвување.
Имаме обврска, нивното дело да не го заборавиме и во иднина да остваруваме наши победи. Тие се бореа за слобода, ние имаме обврска да се избориме за поголем економски развој и подобар животен стандард.
Нека ни е честит, вековит и за многу години 11-ти Октомври !

Ви благодарам