На крималната ВМРО-ДПМНЕ никако да и’ излезат глава процентите.
Тоа е таа криминална матрица со која 12 години ВМРО-ДПМНЕ душмански ја
пљачкаше Македонија, кога криминалците од фамилијата на чело со Груевски
си пресметуваа процент на секој тендер.
Токму на тој начин, изразен во проценти „5 на целото“, „пробај 15, па да видиме
како ќе реагираат“, претходната криминална власт предводена од Груевски
испумпа 25 милиони евра провизијата од тендерот за изградба на автопатите
Охрид – Кичево и Миладиновци – Штип.
Политиките на процентите и криминалните провизии се длабоко вградени во
делувањето на ВМРО-ДПМНЕ од кои воопшто немаат намера да се откажат.
Процесот на правда и судска разврска за целиот криминал е започнат и
враќање назад нема. Никој нема да се спаси од одговорност за крадењето на
парите од граѓаните.
Амнестија за Никола Груевски, Миле Јанкиески и другите, нема! Колку и да го
посакува тоа Мицковски, колку и да уценува.
Денес со новата власт во Прилеп и Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ
може да научи што значи да се работи за интерот на граѓаните, домаќински,
чесно, одговорно и транспарентно.
Со почит!
Центар за комуникации со јавност
ОО СДСМ Прилеп