Валентин Божиноски – Член на Советот во Општина Прилеп од редовите на СДСМ

Почитувани,
Бојкотот, деструкцијата и делувањето спротивно на интересите на граѓаните што криминалната ВМРО-ДПМНЕ го спроведува во Советот на Општина Прилеп, се потврда за безидејноста и очајот во којшто се длабоко заглавени!

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ не учествуваат во работата на Советот на Општина Прилеп, а бесрамно го земат советничкиот хонорар од околу 15 илјади денари.
Исто како и на пратениците од нивната партија, на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, воопшто не им се важни интересите и потребите на граѓаните што ги претставуваат, туку единствено се грижат за сопствените џебови.
Побегнаа од седницата на Совет кога се обезбедуваше објект за стотина деца од Прилеп кои боледуваат од церебрална парализа! Не гласаа и немаа слух за потребите на овие деца и нивните намачени родители.
Побегнаа и вчера, кога Советот на Општина Прилеп донесе одлука за воведување бесплатен градски превоз за пензионерите. Не ги почитуваат ниту пензионерите, ниту нивните потреби.
Меѓутоа, пред да побегнат од седниците, советниците од ВМРО-ДПМНЕ редовно се потпишуваат за подигнување на месечниот паушал. Ете тоа е лицемерието и лажната грижа на ВМРО-ДПМНЕ за своите сограѓани.
Наместо да работи за граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ сее популизам, омраза и поделби.
И покрај ваквата деструктивност на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ, Советот на Општина Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски, ќе продолжат со засилено темпо да работат на исполнување на ветените мерки и проекти.
Веќе се обезбедени средствата за приклучување струја за граѓаните од населбата „Три Багреми“.
Обезбеден е објект и средства за опремување на Дневен центар за деца со церебрална парализа.
Во постапка е процедурата за обезбедување средства за проширување и подобрување на капацитетите за сместување деца во градинките и промена на дограмата во старскиот дом.
Асфалтирани се неколку улици, а се подготвува теренот и за многу други што ќе се асфалтираат и тампонираат во идниот период.
Граѓаните ја гледаат разликата помеѓу домаќинското работење на СДСМ и децениското коруптивно и криминално владеење ВМРО-ДПМНЕ, за што се поднесени повеќе кривични пријави.

Со почит,
Центар за комуникации со јавност
ОО СДСМ Прилеп