Криминалната ВМРО-ДПМНЕ го валка највисокото општинско признание „3 –ти Ноември“

Почитувани граѓани,

Партијата која што е синоним за криминал, корупција и брутално кршење на сите закони, денеска највулгарно се дрзна да го валка дигнитетот на новиот градоначалник Илија Јованоски и новата локална гарнитура од СДСМ, која што работи со доследна примена на законската регулатива.

ВМРО-ДПМНЕ во обид да ќари ситни политички поени, повторно во препознатлив популистички манир, се симна на најдолните граници, валкајќи го највисокото општинско признание „3 –ти Ноември“, што се доделува традиционално по повод Денот на конечното ослободување на Прилеп.

Имајќи ја во вид нервозата, стравот дека ќе одговараат за своите злодела, за незаконското и расипничко трошење на народните пари од општинската касата, а за коишто јавноста ќе биде дополнително информирана, јасно е дека Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ потонал во безидејност, па се обидуваат да држат политички тонус со лаги, невистини и флоскули во јавноста.

Овој политички ракурс на ДПМНЕ на општинско ниво го разбираме. Стравот им е преголем, зашто се свесни дека новата локална власт и градоначалникот Јованоски од првиот момент на преземање на обврските работат интензивно на реализација на проектите од Програмата „Живот во Прилеп за сите“.