Соопштение до јавност

Почитувани,

Криминалната ВМРО-ДПМНЕ којашто сега бесрамно се однесува како да изминативе 12 години била во опозиција, нема образ да зборува со состојбите во Јавното комунално претпријатие „Пазари“.

12 години партиските директори на чело со поранешниот градоначалник Марјан Ристески го раскрчмуваа и распродаваа имотот на „Пазари“ без око да им трепне.

Претпријатието го оставија во милионски долгови, а вработените без плати и надоместоци по колективниот договор.

На крајно сомнителен начин, во два наврати го продаваа „Млечниот пазар“ во строгиот центар на градот, прво на „Кам маркетите“, а потоа на „Тинекс“. Го оставија претпријатието без дуќаните од кои остваруваше профит, без за тоа да добие ниту еден денар.

Дали и колку некој се „офајдил“ од таквата продажба на Млечниот пазар, наскоро ќе откријат надлежните институции.

За жал, ниту во опозиција ВМРО-ДПМНЕ не може да си го промени криминалниот начин на размислување, и нема храброст да го поздрави домаќинското работење на новото раководство и напорите за финансиска консолидација и зајакнување на „Пазари“.

Градоначалникот Илија Јованоски и Владата предводена од премиерот Зоран Заев, за разлика од претходните криминални власти на Груевски и ДПМНЕ, работат одговорно и домаќински во интерес на сите граѓани. Земјоделците и тутунарите го чувствуваат тоа преку зголемените и навреме исплатени субвенции.

Со почит!

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп