Криминал и проневерени 384.872 ден. во ЈП ПУП – Прилеп

Криминалното владеење на Никола Груевски, целосно се пресликало и на локално ниво во Прилеп.
Полициската станица Прилеп поднесе кривична пријава против Директорот на ЈП за просторно и урбанистичко планирање, Бранко Нешкоски, и против раководителот на Одделението за паркинзи за основано сомнение за сторено кривично дело во службата.

Почнувајќи од 2008 година до денес, пријавените го прикривале точниот број на подигнати возила од страна на „пајак службата“.
Пајакот кренал поголем број на возила, од она што е евидентирано во службата.
Според полицијата, само за 4 месеци, во периодот од 1 јануари до 23 април 2016, го оштетиле буџетот на ЈП ПУП за 384.872 денари.
Каде завршувале овие средства, во приватни џебови или во касата на ВМРО-ДПМНЕ?
Дали со овие украдени пари од граѓаните ќе се финансира кампањата на Груевски во Прилеп?
Дали партиските активисти на ВМРО-ДПМНЕ биле повластени и не плаќале казни за подигнување на возилата, додека обичните граѓани плаќаа огромни казни за пајакот?
Дали сето ова се случувало со знаење на Градоначалникот Ристески?
Советниците од СДСМ, бараат предвремена седница на Советот на општина Прилеп, со единствена точка, разгледување на работата на ЈП ПУП.
Законите мора да важат за сите подеднакво. Секој што се огрешил пред законот и крадел од парите на граѓаните, треба да одговара и ќе одговара!
Граѓаните бараат правда и затвор за криминалците!
Затоа на 11-ти Декември масовно ќе гласаат за бројот 4.