Почитувани,

Антизападната и криминална ВМРО-ДПМНЕ и во опозиција не отстапува од нивните
добро познати методи на ширење страв помеѓу граѓаните, преку пласирање на
лажни вести и неосновани информации.

Времето на „МВРО-ВМРО“ кога постоеше коалиција помеѓу криминалот и власта,
заврши со падот на ВМРО-ДПМНЕ од власт во Република Македонија.

Денес, полицијата работи професионално и независно и е вистински партнер и
заштитник на граѓаните. Тоа се потврдува и со последната анкета направена од
страна на ОБСЕ, којашто покажува дека 75 отсто од граѓаните се чувствуваат
безбедно и сигурно.

Денес, институциите се предводени од професионални и одговорни кадри,
работат во интерес на граѓаните и неселективно постапуваат на секое
прекршување на законите, а стапката на криминал е драстично намалена.

Никој не може и нема да биде над правдата и законот, без разлика на политичката
провиненција или положба во општеството.

Центар за комуникации со јавност
ОО СДСМ Прилеп 04.01.2019