Хари Локвенец-Носител на листа за пратеници во И.Е.4

hl2204Почитувани,
Македонија е аграрна земја, во која живеат и работат вредни и чесни земјоделци.Тие заслужуваат да имаат достоинствен живот. Затоа идната влада на СДСМ ќе води аграрна политика со која земјоделците ќе имаат сигурен пласман на родот во кој вложуваат многу труд и пари и квалитетни услови за живот.
Меѓу приоритетните, ќе бидат и тутнопроизводителите, кои сега мака мачат со неоткупениот тутун и со несклучувањето на договори за новата сезона.


Со овие мерки ќе го вратиме нивното достоинство.
Субвенцијата од 60 денари за килограм тутун ќе се зголемува доколку поскапат трошоците за производство и цената на нафтата на светска берза.
Ќе обезбедиме законска регулатива за откуп на целата годишно произведена количина на тутун.
Нудиме:
Откуп на тутунот во три класи според берба (горна, средна, долна), зголемување на цените по класи на килограм откупен тутун.
Измена на правилникот за органолептичка проценка при откупот на тутун, за да се заштити интересот на тутунопроизводителите.
Укинување на белите картони. Државата ќе издава одобренија врз база на претходно склучени договори со откупните компании.
Дополнителни субвенции за пренамена на производството на тутун во друга земјоделска култура.
Секогаш ќе водиме сметка за земјоделците на кои единствена егзистенција им е тутунот, да имаат приоритет при склучувањето на договори.
Ќе воведеме зелена нафта, бенефициран стаж, за 12 месеци работа 13 месеци стаж и ќе го укинеме персоналниот данок.
Ова се само дел од мерките кои ги нудиме за враќање на достоинството на тутунопроизводителите и на сите земјоделци. Ги има многу, кој новиот тим на СДСМ ќе ги спроведе. Трудот на земјоделците мора да се вреднува, нивните семејства мора да имаат пристоен, а не крпен живот.
Ете затоа, време е за позитивни промени. Време е за задоволни земјоделци.