sv2404Сашо Велески –Претседател на ОО на СДСМ Прилеп

Почитувани граѓани,
Вчера Прилеп се охрабри. Прилепчани масовно кренаа глас против злоделата.
Никој неможе и несмее да ја погази вашата воља за подобар живот. Јасно е, ПРОМЕНИ ќе има!
Искрено Ви благодариме на поддршката и за храброста што излеговте во огромен број и покрај сите притисоци и закани од власта!


Почитувани,
После 8 години власт на ВМРО ДПМНЕ и потрошени 15 милијарди евра државен буџет и над 130 милиони евра општински пари, Прилеп е доведен во агонија.
Ниту еден суштински проблем не е решен. Сиромаштијата е на рекордно ниво, стопанството е исцедено од казни, нема ниту една странска инвестиција во градот, ниту нови работни места, а младите заради сето ова бегаат што подалеку од Прилеп и Македонија.
Згора на се, власта на ВМРО-ДПМНЕ со години ги лаже прилепчани и не го направи автопатот Прилеп-Велес.
Ние понудивме чесна, искрена програма, со која се обвразвме да ги враќаме парите назад кон граѓаните и фирмите, но и со инфраструктурни проекти да овозможиме развој на бизнисот и економијата во Прилеп и регионот. Во контекст на ова:
– Ќе го изградиме автопатот Велес-Прилеп-Битола! Ова е стратешка одлука за економски развој на целиот овој регион, во кој гравитираат над 450 илјади граѓани
– Паралелно со автопатот, ќе се гради и дополнителна инфраструктура – водоводот извор Бабуна-Прилеп, гасоводна мрежа и нов оптички кабел. Со ова изградбата на автопатот ќе создаде и друг вид на додадена вредност, затоа што ќе се намалат трошоците за изградба на овие проекти, доколку би се граделе поединечно.
– Проект„Македонија без кал” – патно поврзување и нормален живот во руралните средини.
– „Македонија мегалополис” – проект за патно поврзување на најголемите градски центри во Македонија, што ќе значи патување за не повеќе од 90 минути.
Почитувани сограѓани,
За нас дадениот збор е света обврска. Идната Влада на СДСМ ќе ја врати средната класа и суштински ќе го подобри животот на прилепчани!
Ве повикувам и ве охрабрувам, во Недела на 27-ми Април, дајте шанса на Промените, гласајте со своја глава. За Вашата и иднината на вашите деца!
На кандидатската листа за пратеници заокружете број 1 за Промени, а бројот 3 за Стево Пендаровски, затоа што Македонија заслужува Претседател.