sdsmprilep1Реакција на прес од ДПМНЕ од 16.01.2013


Господине Пеце Ристески, поддржувач на режимот,

Наш бивши сопартиецу! Од човек како тебе, кој за лични и приватни интереси е спремен во секој момент, да смени партиска книшка, може да се очекува само ваков, валкан, плукачки и безидеен прес.
За твоја информација, но пред се за пошироката прилепска јавност – Хари Локвенец е моментално во работна посета на главниот град на Германија, по покана на градоначалникот на Берлин, на сопствен трошок, да собере, знаења, вештини и умеења за успешно раководење на еден град, а секако и пост изборна соработка на економски план. За разлика од градоначалникот во заминување Марјан Ристески, кој со пари од прилепчани го прошета цел свет, а не заврши ниту една работа во интерес на градот и не донесе ниту една инвестиција.
Спротивно на вас, ние сериозно се подготвуваме за локални избори, како и за успешна реализација на идеи и проекти, за достинствен живот и стандард на прилепчани.
Те повикуваме господине Ристески, со оглед дека си поранешен член на СДСМ, да се вратиш во политичката опција која на наредните избори дефинитивно победува! Тоа впрочем, го покажаа вчерашниот протестен марш, со над 8,000 присутни. Јасно ни е и нам, а и вас, дека после вчера, имате над 8,000 причини за страв и паника. Тоа го покажавте со вчерашниот итен состанок на Извршниот Комитет, на кој безмалку не се испотевате. За фактот дека во страв од извесниот пораз на следните избори, Димитар Стеваанџија си ја вработи сестраму како професорка во средното медицинско.
Јасно е! Режимот ќе паде! Профитерите и тендерашите ќе паднат! Идат подобри денови за Прилеп и Македонија!

СДСМ Прилеп
16.01.2013