Кадрите на ДПМНЕ ќе одговараат за криминалот во Тутунски Комбинат Прилеп

Почитувани,
Премиерот во заминување, Никола Груевски, ги осиромаши прилепските тутунари и го уништи животниот стандард.
Во изминативе 10 години ВМРО-ДПМНЕ трикратно ги поскапи бензините, а минералните ѓубрива од 500 денари за вреќа ги зголеми на 1500 денари. Дрвата за огрев од 1500 ден. за кубик ги донесе на 3300 ден. и создаде огромен недостаток. Струјата ја поскапи за 100%. Данокот на имот и комуналните трошоци го зголеми за 4 пати!
За да се достигни стандардот од времето на СДСМ, тутунот сега треба да се откупува во просек по 350 денари за килограм, заедно со субвенцијата. Прилепските тутунари, а и вработените во Тутунскиот комбинат ги паметат времињата на СДСМ, кога производството беше за 10 пати поголемо од сега.
Сите директори на комбинатот, сите до еден, кои во изминативе 10 години беа поставувани директно од Никола Груевски, ќе треба да одговорат за направените загуби од 100 милиони евра и за продажбата на околу 1 милион цигари по цена далеку под вредноста. Граѓаните паметат како овие директори расипнички ги трошеа парите на комбинатот и купуваа возила од 200 илјади евра.
Каде се денес инвеститорите од Кина, коишто ВМРО-ДПМНЕ ги најавуваше како спасители на Тутунскиот Комбинат Прилеп?
Како е можно производството на цигари да биде најниско, во целата историјата на постоење на прилепскиот Тутунски комбинат?
Одговорите на овие, а и на многу други прашања, поврзани со криминалот и растурањето на Тутунски комбинат Прилеп од страна на ВМРО-ДПМНЕ, следат веднаш после изборите на 24 Април, 2016.