Соопштение за јавност

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски ги краделе не само парите од граѓаните туку и изборите, гласот на граѓаните.

После 11 години криминална власт и потрошени 200 милиони евра пари на граѓаните на Прилеп во празни ветувања, ВМРО-ДПМНЕ и Марјан Ристески немаат образ да зборуваат за инвестиции и нови работни места.

Зборуваат за виртуелни 10.000 нови вработени во Прилеп, наспроти 10.000 реални, неповратно избркани и иселени млади прилепчани во странство, токму заради криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ.

Уште во 2009 година градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески, вети 37 нови фабрики со илјадници нови работни места во слободната економска зона во Алинци.

Но, наместо ветените 37 фабрики во ТИРЗ „Алинци“ постои една хала под името ГЕНТЕРМ со стотина излажани, избркани и злоупотребени работници.

Ете тоа се вистинските инвестиции на ВМРО-ДПМНЕ.

После лажните ветувања за нови фабрики, Марјан Ристески ќе остане запаметен само по „рушењето со хилта“ на приватни бизниси и честите посети во Австралија.

Без нималку срам ВМРО-ДПМНЕ за затворени фирми од минатото, коишто се уништени од кадри на ВМРО-ДПМНЕ и со личен потпис од Никола Груевски на ФЕСАЛ 2 аранжманот.

ВМРО-ДПМНЕ не само што ги украде парите, туку ја украде и уништи иднината на 10.000 млади прилепчани, а се покажа дека го краде и нивното право на слободен израз!

Затоа, на следните фер и демократски избори, ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски засекогаш заминуваат во историјата.

Со почит!

ОО СДСМ Прилеп